Јавен повик до Здруженија на граѓани / невладини организации
June 14, 2022
Врз основа на Оперативниот План за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за мерката 7.2 Обука и вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во заедницата, имплементирана од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во партнерство со УНДП - Швајцарската агенција за развој и соработка, на ден 15.06.2022 година се објавува:
Јавен повик до Здруженија на граѓани/невладини организации
Се повикуваат сите заинтересирани постоечки Здруженија на граѓани/ невладини организации кои имаат желба и мотив да станат даватели на социјални услуги во домот и заедницата, да се пријават во работните клубови на Агенцијата за вработување за учество во оваа мерка.
Со оваа мерка ќе се овозможи поддршка на Здруженијата на граѓани/невладини организации во создавање на одржлив и успешен субјект/давател на социјални услуги:
- Обезбедување на обучена и квалификувана работна сила преку стручни обуки;
- Субвенција на плати за лицата вработени како даватели на социјални услуги во износ од 30 780 (бруто) денари во период од 10 месеци;
- Покривање на оперативни трошоци и трошоци за управување;
- Менторска и советодавна поддршка низ целиот процес.
Заинтересираните Здруженија на граѓани/невладини организации за учество на мерката може да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници.
Правото за учество се определува врз основа на условите и критериумите дефинирани за секоја поодделна програма односно мерка за вработување, како и врз основа на основни принципи кои треба да се почитуваат при имплементацијата на програмите и мерките за вработување, како и услугите на пазарот на трудот, односно:
- Справување со негативните ефекти и последици врз пазарот на труд и вработеноста, предизвикани од пандемијата на COVID-19;
- Принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна или било која друга ранлива категорија на граѓани во согласност со стандардите и практиките на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот;
Поттикнување на рамномерен регионален развој, во согласност со податоците од Бирото за регионален развој и степенот на развиеноста на планските региони во Република Северна Македонија
Правата и обврските помеѓу АВРСМ, УНДП и Здруженијата на граѓани/невладини организации ќе бидат уредени со склучување на меѓусебни договори.
Заинтересираните Здруженија на граѓани/невладини организациии треба да пополнат Пријава за учество во Центрите за вработување секој работен ден од 09 до 14 часот.
Покрај пријавата, заинтересираните Здруженија на граѓани/невладини организации треба да достават пополнет Апликативен формулар и документи за поддршка наведени во Апликативниот формулар во скенирана форма на е- маил адреса: rabotaimoznosti.mk@undp.org
Апликативниот формулар за мерка 7.2 Обука и вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во заедницата, може да се преземе на овој линк.
Детални информации за мерката се достапни тука, а дополнителни информации може да добиете на контакт телефоните: 070 384 046 и 071 329 534 или на е-маил адресата: rabotaimoznosti.mk@undp.org
Лица за контакт за повеќе информации:
Зерина Рамиќевиќ (zerina.ramikevik@undp.org) и
Викторија Нешковска Каракотева (viktorija.neshkovska@undp.org)