Нови повици за поднесување предлог проекти во рамки на ReLOaD2

November 3, 2022

 

Објавени се втората група јавни повици за поднесување предлог проекти од страна на граѓански организации во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 - ReLOaD2. Повиците ќе бидат отворени во осум партнерски општини од втората фаза на ReLOaD, и тоа: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Кочани, Крива Паланка, Куманово и Охрид.

Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до декември 2024 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество, со цел негово активно учество во процесот на носење одлуки.

Во продолжение се линковите до објавените огласи по општина. 

Општина Кочани

Општина Охрид

Општина Гостивар

Општина Велес

Општина Битола

Општина Гевгелија

Општина Куманово

Општина Крива Паланка

На овој линк се достапни одговорите на дел од прашањата поставени на претходните јавните повици за граѓански организации спроведени во рамки на проектот ReLOaD, кои може да ви бидат од корист при процесот на аплицирање.