Втор повик за финансирање техничка документација за инфраструктурни проекти

May 13, 2024

 

Распишан е Вториот повик за финансирање на техничка документација за инфраструктурни проекти во рамките на Фондот за техничка документација.  Повикот се организира во рамките на проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти” (2022 – 2026) финансиран од страна на Шведска и Бирото за регионален развој. 

Овој повик, организиран од УНДП, е втор од вкупно трите планирани во рамките на тековната втора фаза на Проектот (2022-2026). Третиот повик ќе биде спроведен од страна на Бирото за регионален развој .

Фокусот на вториот повик се проекти кои што имаат потенцијал да го намалат загадувањето на воздухот од различни загадувачки материи. За таа цел, предложените проекти треба да вклучуваат мерки кои што ќе ги намалат емисиите на ваквите загадувачки материи од некои од нивните клучни извори (на пр. сообраќај, системи за греење, цврст отпад) кои што се во надлежност на единиците на локалната самоуправа. 

Поднесувањето на барањата на овој повик ќе биде овозможено преку онлајн платформа за чиешто користење ќе следуваат дополнителни информации.

Поднесувањето на барањата е овозможено онлајн преку платформата apliciraj.brr.gov.mk најдоцна до 17 јуни 2024 година.  Сите детали околу барањата на повикот се во документот во прилог. 

Сите прашања поврзани со повикот, заинтересираните страни може да ги испратат единствено на bmcpi@undp.mk. Одговорите на истите ќе бидат испратени до сите. 

 

ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Документите потребни за аплицирање може да ги симнете со кликнување на следните линови:

 

Јавен повик

Јавен повик на албански јазик

Формулар за поднесување барање за грант

Најчесто поставувани прашања